По тежок период во животот таа повторно е во јавноста убава како порано

Се сеќавате ли на холивудската актерка која се прослави во раните 2000-ти во серијата „The OC“ и која сите ја сакавме? Погледнете ја денес.

Актерката Миша Бартон по долго време се појави во јавноста, на хуманитарниот настан „Mon Cheri Barbara Day“ во Минхен. Таа воодушеви со својот изглед, бидејќи ја потсети на помладите денови кога пленеше со својата убавина, а познато е дека последниве години пребродуваше тешки животни ситуации.

Таа ги израдува фановите со нејзиното враќање и самоуверениот изглед кој вели дека се вратила со стил и ги надминала сите тешки моменти кои влијаеле и на нејзината психичка состојба и на физичкиот изглед.

Таа со години се бореше со зависноста од наркотици и многу други пороци, имаше низа скандали, а потоа доживеа нервен слом во својот дом, за кој и самата јавно проговори. Таа се борела и со вишокот килограми, па со текот на годините нејзината тежина варирала.

Таа денес изгледа одлично, а на црвениот тепих се појави во црно-бела модна комбинација која го истакна нејзиното деколте и витките нозе.

Фото: Profimedia