Брус Вилис и Деми Мур станаа баба и дедо – нивната ќерка Румер Вилис роди девојче.
Ќерката на легендарниот актер Брус Вилис, Румер на својот Инстаграм профил со сите ја сподели среќната вест – стана мајка на девојче на кое и’ го даде името Луета Исли Томас Вилис.
Румер доби девојче со нејзиниот партнер Дерек Ричард Томас.
,,Чиста магија. Ги оствари нашите соништа“, напиша таа под фотографијата.
Таа откри и дека се породила дома на 18 април.
,,Искрена љубов за оваа мала птица“, коментирала гордата баба Деми Мур.
„Браво, таа е многу слатка“, „Плачам од среќа“, „Честитки“, „Браво кралице“, се само дел од коментарите на нејзините следбеници.
Румер е најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, а нејзиното дете е нивното прво внуче. Таа и Дерек ја објавија својата врска минатата пролет, а неодамна призна дека никогаш во животот не била посреќна. На Денот на вљубените му се заблагодарила што станале родители и го пофалила што се грижи за неа и за детето.
Тоа беше само неколку дена пред загрижувачките вести дека деменцијата на нејзиниот татко Брус напредувала и откако семејството открило дека му била дијагностицирана Фронтотемпорална деменција.
Таа дијагноза беше поставена помалку од една година откако тој се повлече од актерството поради битка со мозочно нарушување, афазија, која ги наруши неговите јазични комуникациски вештини. Симптомите вклучуваат промени во личноста, опсесивно однесување и тешкотии во говорот.
„Брус не може да зборува многу и се чини дека не разбира многу од она што другите го зборуваат, па Ема навистина му помагаше за полесна комуникација. Има денови кога гледаат инсерти од филмови од стариот Брус, но тоа е краткотрајно. Се чини дека тој сè повеќе се затвара во себе а тоа им ги крши срцата. Неговите ќерки не можат да го замислат животот без него. Им недостига стариот Брус – оној кој ги задеваше за нивните момчиња и им даваше секакви совети“, извор близок до Брус неодамна изјави за Дејли Меил.