Џо Ди Мео е познат како човекот кој ја направи првата трансплантација на лице и раце во светот. Но, покрај тоа, во медиумите беше забележан и по својата љубовна приказна, која уште еднаш се најде на насловните страници на западните медиуми.
Имено – Џо се вери со својата девојка Џесика Коби (33), а богатата двојка на социјалните мрежи ги сподели своите слатки свршенички фотографии.
Неговата приказна е застрашувачка и никој не очекуваше ваков среќен крај. Имено, во 2018 година, Дваесетгодишниот Џо од Њу Џерси, заспал на воланот на својот автомобил откако работел ноќна смена.
Автомобилот излетал од патот и удрил во тротоарот, по што избувнал пламен. Џо преживеал благодарение на двајца случајни минувачи кои го извлекле од огнената експлозија.
До пристигнувањето во болницата, 80 отсто од неговото тело биле покриени со изгореници од трет степен.
Џо беше ставен во медицински индуцирана кома два месеци, а потоа имаше повеќе од една реконструктивна операција пред неговите лекари конечно да најдат соодветен донатор за трансплантација на лице и раце.