По толку време на жените им здосадува секс со ист маж! Еве што најмногу влијае на тоа

Истражувањата покажаа дека некои жени ја губат желбата за секс со партнерот по 12 месеци врска.

Водењето љубов не само што ги зближува партнерите , туку и поволно влијае на духот и телото, а всушност тоа треба да се прави што почесто

Но, има луѓе за кои сексот со текот на времето престанува да биде забавен и неопходен.

Тоа може да биде последица на замор поради примарната грижа на децата, а факт е дека секојдневниот стрес многу влијае на сексуалното функционирање на жените, повеќе од мажите.

Губењето на интерес може да се поврзе и со промена на фокусот – наместо мажот и нивната врска, фокусот на вниманието на жената е на детето, објаснија авторите на студијата , истражувачи од Универзитетот во Саутемптон.

Тие направиле анкета со 4839 жени и 6669 мажи, на возраст од 16 до 74 години. Се покажало дека на жените во врска многу порано им здосадува сексот од мажите.

 

Според истражувањата, некои жени губат интерес за водење љубов по само 12 месеци во врска со партнерот. Многумина од нив признале дека изгубиле интерес во првата година по раѓањето на детето, како и поради малите деца помлади од пет години.

Тие додадоа дека вообичаени причини за намалена сексуална желба и недостаток на емоционална интимност со партнерот се лошата комуникација и здравствените проблеми. За некои жени причина било арогантното однесување на нивните партнери, но и новите тетоважи или пирсови. Меѓу другите фактори беа споменати и лоши искуства во претходните сексуални односи.

Во оваа анкета, 34 отсто од жените признале дека не ги интересира сексот, додека 15 отсто од мажите се во иста ситуација.

Истражувањето е објавено во британскиот медицински журнал Опен.