По туширањето, кремите и лосиони со состојки како бакар, цинк или уреа се одлични
Овие производи помагаат за хидратација и намалување на воспалението и брзото сушење на веќе формираните акни.
Покрај негата во козметичките салони, чистењето на лицето и третманот со LED светло, кислород или киселини, важна е и домашната нега.
Сапун или гел за туширање за проблематична кожа треба да содржи состојки како што се бензил пероксид, салицилна киселина или сулфур, кои ги забавуваат воспалителните процеси, пренесува Телеграф.
А после туширањето одлични се кремите и лосионите со состојки како бакар, цинк или уреа, кои ќе помогнат да се хидрираат и да се намалат воспаленијата и брзо да се исушат веќе формираните акни.
Пилингот е одлично решение кое не само што ќе ја одржи вашата кожа и порите чисти, туку ќе и овозможи да дише со полн капацитет.
– Хранливите состојки кои ќе ги хранат клетките ќе навлезат длабоко, додека кожата по таков третман ќе се обнови, ќе стане црвеникава и мазна.
Често по пилинг, клиентите се задоволни, а другите ги прашуваат: „Ах, што направи со твоето лице“ – објаснуваат шминкерите.