“По цел ден си на јахта и сакаш да бидеш борец !?“ – Првиот човек на УФЦ жестоко го нападна Конор Мек Грегор: “Парите го уништија!“
Нешто повеќе од две години познатиот ММА борец Конор Мек Грегор нема влезено во октагонот (рингот), што му пречи на првиот човек на УФЦ.
Имено, Дејна Вајт се нафрли на славниот борец, и кажа дека парите го промениле Конор Мек Грегор.
По тешката повреда на ногата што Конор Мек Грегор ја заработи против Дастин Поарје во јули 2021 година, тој не одигра ниту еден натпревар.
„Откако ќе заработите одредена сума пари, да останете личноста што сте биле на почетокот, да бидете гладни, да работите напорно и да бидете посветени на спортот – или која било вештина што ја работите – парите менуваат сè и Конор Мек Грегор заработил такви пари“, изјави Дејна Вајт.
Тој истакна дека не можете да бидете борец со начинот на живот што го води Конор Мек Грегор.
„Гладот и мотивацијата не се исто, Сè што Конор Мек Грегор некогаш сонувал и што никогаш не можел да сонува, сега го има. Тешко е да се биде на јахта цел ден, а потоа да се каже: Ох, морам да се вратам во теретана и повторно да почнам да се борам“, заклучи Дејна Вајт.