По 18 години за прв пат Ролан Гарос без ‘Кралот на Земјата’! Рафаел Надал ги потврди гласините и си ја отвори душата: “Одлучив, тоа ќе биде последната година од мојата кариера…“

Ова ќе биде првиот Ролан Гарос од 2005 година без „Кралот на Земјата“. Во една од најтешките одлуки во кариерата, Рафаел Надал овој четврток објави дека оваа година нема да игра во Париз, каде досега има освоено 14 шампионски титули.

Не успеав, не можам да играм“, изјавил Рафаел Надал пред новинарите на директната прес-конференција, напоменувајќи дека повредата е претешка пречка која не може да ја надмине.

Шпанскиот ас не дефинираше колку ќе трае паузата, но откри дека се надева на опоравување кое ќе му овозможи навремено да се врати на терените и да биде целосно здрав за следната сезона. 

Во последните години Рафаел Надал имаше проблеми со речиси сите делови од телото, но успеа да стигне до 22. Грен слем титула и да се израмни со Новак Ѓоковиќ

Последниот натпревар тој го одигра во второто коло на Австралија опен, каде по три сета загуби од Американецот Мекензи Мекдоналд (6:4,6:4,7:5). Тој се повреди на крајот од вториот сет, по што побара докторска помош. Во продолжението имаше проблеми со движењето, но сепак го заврши натпреварот. Но, сепак, таа одлука влијаеше на продолжението од сезоната за него. Откако го откажа настапот на АТП 1000 во Рим, каде рекордни 10 пати ја освои титулата, а воедно и последниот голем турнир пред Грен слем во Париз, почнаа стравувањата дека Рафаел Надал нема да биде во Франција, а сега тоа и официјално се потврди.

Мојот план е да играм следната година, што воедно ќе биде и последна сезона во кариерата“, додаде одличниот Шпанец кој за еден месец ќе го прослави својот 37 роденден.

Би сакал да го играм она што ми е важно следната година, а тоа се Олимписките игри, но не знам дали тоа ќе се случи“, додал Рафаел Надал говорејќи пред новинарите …

Изминатите месеци беа полни со моменти на фрустрација. И тогаш решив дека морам да престанам, а мислам дека ќе успеам до следната година. Многу не чинеше да најдеме континуитет на работно ниво. Ми треба, и мислам на сите околу мене, мало исклучување. Доаѓа време кога единствената награда е победата. Кога ќе се почувствувам подготвен, ќе се вратам. Мислам дека не заслужувам вака да ја завршам кариерата. Работев напорно за да не ми биде крајот тука, на прес-конференција. Кога ќе дојде време повеќе да не се натпреварувам, нека биде со задоволство што знаев дека го направив тоа што беше во моја моќ, но нека биде на теренот“, заклучил најдобриот шпански тенисер.