По 32 часа борба со смртта: Лекарите паднаа на под – и ја освоија најголемата победа на човештвото

Двајца хирурзи одмораат на подот од операциона сала по отстранување на тумор од мозокот на пациент, по операција што траела 32 часa!Во операционата сала на болницата „Union“ при Медицинскиот универзитет Фуџијан се одвивала драма достојна на најголемите приказни за човечка храброст.

Тројца хирурзи, шест анестезиолози и осум медицински сестри го уединиле здивот, движењето и мислата во една цел – да спасат човек кој висел над бездната на смртта.

Шест сложени операции на мозокот, една по друга – како маратонска симфонија во која ниту една нота не смеела да згреши. Прецизноста не била луксуз, туку услов за опстанок.

Секоја одлука ја носела тежината на еден живот.Часовите минувале… дванаесеттиот, дваесеттиот, триесет и вториот. Телата на лекарите се треселе од исцрпеност, маските натопени со пот се лепеле за лицето, а очите им гореле од ненаспивање. И тогаш – тишина.

Пулсот на мониторот останал стабилен. Битката завршила.Докторите се срушиле на подот, исцрпени, но со рацете подигнати во знак на победа. Зашто победата не е секогаш триумф во арена или на бојно поле – понекогаш тоа е само еден спасен живот.Во тој момент тие не биле само лекари, туку херои. Не херои од приказни и митови, туку вистински луѓе кои ги вметнале своите соништа и силата во туѓата надеж.

Тој 32-часовен подвиг нема да влезе само во медицинските книги. Ќе остане во срцата на семејството кое добило уште една шанса – да сака, да гушка, да живее.Зашто медицината не е само наука… таа е и љубов.