Колку пари добиваат пензионерите откако најмалку 35 години платиле придонеси во германското пензиско осигурување?
Податоците на германското пензиско осигурување покажуваат јасни разлики.
По 35 години придонеси, можете да се пензионирате како „долгорочно/долгорочен осигуреник“ во Германија. Но, каква пензија може да очекувате во просек на крајот на долгиот работен век?
Податоците од 2021 година покажуваат дека просечната пензија во Германија по 40 години работа изнесува 1.370 евра, пренесува магазинот „Феникс“.
Во меѓувреме германското пензиско осигурување објави нови податоци.
Германските медиуми пишуваат дека и во 2022 година има очигледни разлики меѓу сојузните држави во исплатата на просечните пензии.
Додека Сар и Северна Рајна-Вестфалија сè уште се на врвот по пензиите, Тирингија и Саксонија-Анхалт сè уште ги заземаат последните места.
Просечната нето пензија изнесува 1.384 евра
Колку е старосната пензија по најмалку 35 години придонеси? До крајот на 2022 година просечната пензија во Германија е 1.384 евра (износ на нето плаќање). Значи, 14 евра повеќе од 2021 година.
Има јасна разлика меѓу половите. Додека просечната старосна пензија за мажи изнесува 1.543 евра нето, жените треба да се задоволат само за 1.173 евра.
Deutsche Rentenversicherung објаснува: „Генерално, забележливо е дека разликата меѓу просечните пензии на мажите и жените е помала во Источна Германија отколку во Западна Германија“.
Ова е просечната бруто старосна пензија во Германија по најмалку 35 години работа:
Просечна пензија во Сар 1.677 евра, мажи 1.840 евра, жени 1.311 евра
Просечна пензија во Северна Рајна-Вестфалија 1.644 евра, мажи 1.845 евра, жени 1.322 евра
Просечна пензија во Хесен 1.609 евра, мажи 1.785, жени 1.329 евра
Хамбург просечна пензија 1.609 евра, мажи 1.783 евра, жени 1.394 евра
Баден-Виртемберг просечна пензија 1.607 евра, мажи 1.830 евра, жени 1.293 евра
Источен Берлин 1.598 евра, мажи 1.699 евра, жени 1.501 евро
Фалачко – Порајње 1.577 евра, мажи 1.743 евра, жени 1.281 евро
Шлезвиг-Холштајн 1.562 евра, мажи 1.730 евра, жени 1.297 евра
Просечна пензија Долна Саксонија 1.551 евра, мажи 1.723 евра, жени 1.267 евра
Баварија 1.545 евра, мажи 1.732 евра, жени 1.278 евра
Бремен 1.542 евра, мажи 1.716 евра, жени 1.291 евра
Просечна пензија во Западен Берлин 1.500 евра, мажи 1.652 евра, жени 1.350 евра
Бранденбург просечна пензија 1.486 евра, мажи 1.600 евра, жени 1.374 евра
Просечна пензија Саксонија 1.445 евра, мажи 1.582 евра, жени 1.320 евра
Мекленбург-Западна Померанија 1.443 евра, мажи 1.537 евра, жени 1.352 евра
Сакасонија – Анхалт 1.434 евра, мажи 1.559 евра, жени 1.317 евра
Тирингија просечна пензија 1.427 евра, мажи 1.551 евро, жени 1.310 евра
Германското пензиско осигурување ги објаснува јасните разлики
Како се појавуваат понекогаш големите разлики помеѓу пензиите во одделни сојузни држави?
За водечките Сар и Северна Рајна-Вестфалија, германското пензиско осигурување објаснува: „Претходно, многу мажи во овие сојузни држави работеа на добро платени рударски работни места и затоа денес добиваат релативно високи пензии“.
Во него се забележува: „Во споредба со другите источни сојузни држави, пензионерите во Источен Берлин добија релативно високи старосни пензии од околу 1.699 евра, поради релативно високиот удел на пензионери со права од поранешната дополнителна и посебна пензија од системот на ГДР“.
Во споредба со претходната година, пензиите само малку се подобрија, јавуваат германските медиуми.