По 4 часа и 37 минути во три часот по полноќ најдобриот тенисер на светот го преживеа ноќниот трилер со Музети за осминафинале во Париз! Новак Ѓоковиќ не е за “старо железо”?


Новак Ѓоковиќ го совлада Лоренцо Музети со резултат 3:2 (7:5, 6:7(6:8), 2:6, 6:3, 6:0) и така се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос.

Мечот траеше 4 часа и 37 минути, а заврши во 03:00 часот по полноќ!

Видовме се што може да понуди тенисот на овој меч. Феноменални размени на удари, пресврти, агресивна игра, чистење на линиите и на крајот како и низ целата кариера како победник излезе Новак Ѓоковиќ!

Се започна одлично за најдобриот тенисер на планетата, првиот сет го доби со брејк во 12. гем и се чинеше дека Новак е максимално наострен за победа.

До крајот на вториот сет изгледаше многу добро за Ѓоковиќ.

Новак имаше 4:1 во вториот гем од натпреварот, се одеше на неговата воденица, но потоа Италијанецот префрли во поголема брзина.

Ги погодуваше линиите, немаше топка што не можеше да ја фати, а тоа беше доволно за тајбрејк во вториот сет од натпреварот.

Новак имаше сет топка во тајбрекот, но Музети одигра најдобро кога беше најпотребно и на изненадување на сите успеа да израмни.

На крилата на така освоениот сет Лоренцо продолжи и во третиот кој го реши во своја полза со резултат 6:2.

Кога сите мислеа дека Новак е отпишан, тој се издигна од пепелта како феникс и успеа да направи еден од најголемите пресврт во кариерата.

Нулата на Музети во петтиот сет не ја одразува вистинската состојба на нештата на теренот и треба да му се оддаде признание за лавовска борба.

Ова беше еден од најдобрите натпревари на Новак во историјата на Ролан Гарос.

Новак во осминафиналето ќе го чека Франциско Серулондо, кој направи изненадување совладувајќи го Томи Пол.

Музети знаеше дека има шанса против Новак на неговата омилена подлога. Пред три години, како тинејџер водеше со 2:0 во сетови во осминафиналето на Купот на мускетари, но Новак тогаш направи пресврт и триумфираше. Наострениот Музети му го одзеде сервисот на Ѓоковиќ веќе во третиот гем од вечерашната средба, но трикратниот победник на Грен слем турнирот во Париз возврати со рибрејк. Сигурноста на двајцата играчи во сервис гемовите навестуваше дека воведниот сет ќе оди во тај-брејк, но Новак го направи она што ја карактеризира неговата игра во текот на неговата кариера. Поведе со 6:5, потоа дојде до брејк топката и ја искористи во најлошиот можен момент против противникот.

На бранот на моментум од првиот сет, Новак набрзина продолжи да погодува беспрекорно, го скрши својот ривал во подолги размени и дојде до водство од 4:1. Од средината на вториот сет наеднаш се се сврте, а Музети во рок од 20 минути го врати тој период од игра на резултатски егал. Енергијата на Новак не се намалуваше, но на Италијанецот стана неконтролирана. Дури и со Музети на федери, Србинот добро се снајде, дури стигна до сет поен во тај-брејкот. Сè враќаше момчето родено 2002 година, ја спаси сет топката и го доби вториот гем. Ѓоковиќ не можеше да се избори против несреќните околности, па Музети по тај-брејкот израмни на 1:1. За да се одиграат првите два сета беа потребни два часа и 23 минути, а беше еден час по полноќ.

Третиот сет веројатно беше најдобар за Музети во кариерата. Со отворена уста – само така може да се види се што направи италијанскиот млад човек во четвртиот сет. Што и да направеше Новак, Музети враќаше до исцрпеност и лесно го преврте мечот на 2:1. А што се случи тогаш, веројатно знаат само двајцата ривали од црвената земја на Шатрие. Новак покажа дека не постои таква околност во која се согласува на предвремен пораз на Грен слем меч. При резултат 2:2 во четвртиот сет му го одзеде сервисот на Музети и во тој момент му ја уништи целата самодоверба.

Италијанецот и покрај губењето на сетот не остави впечаток на играч кој ќе се предаде, се чинеше дека имаше сили да го одигра петтиот сет натпреварувачки, но тоа не се случи. Од изразите на лицето на Музети беше јасно дека не верува во победа, дека е свесен како ќе му биде зададен удар.