Правична застапеност на етничките заедници во Македонија, собраниската комисија ќе го следи вработувањето
Правичната застапеност на етничките заедници во државните институции ќе биде под лупа на собраниската комисија формирана во текот на неделата на предлог на група пратеници на Европскиот фронт. 12 пратеници, членови на комисијата ќе ги набљудуваат вработувањата што ќе се вршат и во соработка со владата до институциите ќе се обратат задолжителни препораки.
„Комисијата може да дава препораки, мислења и заклучоци, кои мора да ги спроведат државните органи и другите јавни институции на сите нивоа, во врска со состојбите за релевантна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници“, пишува во одобреното решение за формирањето на надзорната комисија.
Комисијата со привремен мандат континуирано ќе врши проверки за да се увиди како напредува вработувањата на етничка основа. Ова тело ќе состави два извештаи: првиот полугодишен извештај најдоцна до 31 јули и годишниот извештај за претходната година до 31 јануари, кои ќе ги достави до собранието.
Формирањето на мониторинг комисијата за соодветна застапеност на етничките заедници дојде по актуелизирањето на укинувањето на балансерот, што коалицијата ВЛЕН го оквалификува како унапредување во законот за да не се злоупотребува вработувањето на етничка основа.