Празнично издание на секс бомбата: не може да биде пократко и попредизвикувачки

Моли Смит редовно ја воодушевува јавноста со своите модни изданија и извајано тело.

Познатата русокоса и поранешна учесничка на реалното шоу „Love Island“, Моли Смит често го истакнува својот изглед.

Се чини дека празниците и се омиленото годишно време, бидејќи веќе не воодушеви со едно модно издание , но не застана тука.

„Во духот на празниците“, напиша таа меѓу другото во описот на објавата.

Овој пат убавата Моли позираше во црвен аутфит составен од кратко здолниште, топ и сако. Се е покриено со светки, во духот на празникот, а овојпат во преден план ги истакна и градите.

Целото модно издание го заокружи со мали, но ефективни обетки, ланче и часовник, па Моли и овој пат остана без ниту една грешка.

Моли е еден пример за тоа колку многу може да се постигне ако не се откажете и работите напорно. Во еден момент таа тежела над 100 килограми, но успеала да изгуби 40 и да стане една од најжешките и најпредизвикувачките жени на сцената.

Таа веќе некое време ужива во љубовта со Том Клер.