Сите сакаат ајвар, а жените се натпреваруваат кој има најдобар рецепт. Еве што велат практичната жена Наташа Павловиќ и пејачката Тијана Дапчевиќ!
Сезоната на печење пиперки и подготовка на ајвар се уште не е започната , а Практична жена веќе успеа да започне дискусија на Инстаграм за „клучното прашање“ за подготовка на ова зимско јадење.
Конкретната тема овој пат е рецептот за македонскиот ајвар , а водителката Наташа Павловиќ објави видео на кое се гледа како ужива во овој специјалитет.
„Луѓе, не знам што прават Македонците со ајварот, но никој не го прави како нив“, вели Наташа. “Стојна ми носи секое лето, нејзиното е феноменално. Како путер е, не знам во што е финтата. Невидено е добро”, воодушевена е Практичната жена.
Во дискусијата веднаш се вклучија и бројни обожавателки, а една од нив напиша дека точно знае „во што е финтата“.
Кога ајварот е готов, тргнете го од оган и мешајте уште половина час“, ѝ напишала. „Само тогаш треба да се полнат теглите.
Додека некои се побунија дека не познаваат некој што го прави така, во дискусијата се вклучи и Тијана Дапчевиќ. „Јас така правам“, одговорила пејачката, а другите домаќинки се жалат дека се помалку има добра пиперка за ајвар.
„Пиперката да биде без многу вода, а помесна“, додаваат, додека за добро зачувување велат дека ајварот треба да се прелива со малку врело масло во самата тегла.