Пратеничката на Српската напредна партија Јасмина Обрадовиќ доживеала мозочен удар во моментот кога насилната опозиција тргнала да направи пустош во Собранието, дознава Информер.
Веднаш на помош и пришле колеги пратеници.
Поради напади на антисрпски пратеници во Собранието , на Јасмина и се слошило, при што било утврдено дека доживеала мозочен удар.
Таа е пренесена во Клинички центар каде се борат за нејзиниот живот.
Јасмина Обрадовиќ досега пет пати била пратеник. Прво беше избрана за пратеник во деветтото свикување, во 2012 година, а потоа и во следните четири собраниски свикувања, па функцијата пратеник ја извршува од 2012 година до денес.
Да потсетиме, на првите седници од редовната пролетна седница во српското Собрание се случија скандалозни сцени со главни улоги на опозиционери.

Веднаш по усвојувањето на дневниот ред почнаа да палат ракети и да фрлаат солзавец.