Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Блискиот Исток, Стив Виткоф , отпатува за Русија и се очекува денеска да се сретне со претседателот Владимир Путин , објави „Аксиос“, повикувајќи се на извор запознаен со патувањето.
Тоа ќе биде трета средба меѓу Виткоф и Путин, бидејќи Трамп се обидува да постигне примирје во војната меѓу Русија и Украина.
Како што објавија медиумите, Трамп бил незадоволен бидејќи преговорите не напредувале во последните недели, а во една прилика изјавил дека е „гневен“ поради коментарите на Путин за Украина.
Минатата недела Виткоф беше домаќин на пратеникот на Путин Кирил Дмитриев во Вашингтон во обид да се надмине ќор-сокакот во преговорите, пишува „Аксиос“.