Денеска од политичката партија ГРОМ реагираа на вчерашната пресконференција на ВМРО ДПМНЕ во која Јакимовски беше наречен портпарол на СДСМ и ДУИ кој го брани проектот Алумина за остварување на партиски интерес.
Во соопштението на ГРОМ стои: Замислите кој ги дава овие квалификации? Тони Јаревски кој на 40 години верувале или не дипломираше на престижниот универзитет кај Мерко и од дигач на рампи во Царина еволуира во пратеник во Собранието на Р.Македонија и портпарол на арамиското гнездо од белата палата, велат денеска од партијата на Стевчо Јакимовски.
„За разлика од Тони Јарески кој не знае да ги напише 600 милиони евра и неговата дружина која зборува само за профит, Стевчо Јакимовски проектот Алумина го гледа како можност колку архитекти на него ќе работат, колку градежни, електро и машински инженери, дизајнери, колку армирачи, зидари, тесари, парногреачи, плочкари, фасадери, стаклари, молери, паркетари, електричари, колку хортикултурци ќе садат и ќе одржуваат цвеќиња и дрва, колку водоинсталатери и колку бетонски бази и сепарации ќе работат на овој проект. Колку ИТ инженери, фирми , нотари, адвокати, странски компании, колку секретарки, сметководители, економисти, правници, трговци, менаџери, колу хигиеничарки, келнери и кувари.