Пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари, денеска на прес-конференција го обвини раководството на Општина Тетово дека како резултат на нивното лошо менаџирање ќе се зголемат сметките за отпад.
Таа рече дека граѓаните кои платиле 300 денари за ѓубрето, откако ќе склучат договор со компанијата Заубермахер, сметките ќе бидат 1300 денари. Таа нагласи дека едно семејство ќе треба да плаќа 200 евра повеќе годишно за управување со отпад.
„Граѓаните ќе плаќаат четири пати повеќе за смет, тоа го докажуваат фактурите од компанијата Заубермахер, која општина Тетово ја има склучено договор за стопанисување со градскиот смет. Граѓаните кои платиле од 300 денари, сега ќе плаќаат по 1300 денари месечно. За една година едно семејство ќе потроши 200 евра повеќе, сето тоа поради неможноста да управува со општинските институции, правејќи ги јавно-приватно партнерство само за да имаат корист луѓето од блискиот круг во раководството на општината“.
„Тетовчани се принудени да плаќаат за фиктивни услуги кои воопшто не ги добиваат, пример се фактурите за ѓубре што ги обезбедивме од населените места Порој и Џепчишта, каде граѓаните плаќаат канализација и вода за пиење, додека истите не имаат канализација“, рече Ајдари.
Додека вчера општина Тетово излезе со известување дека доколку граѓаните добиваат сметки со повисоки цени да се обратат во објектите на ЈКП „Тетово“. Од општината потенцираа дека и покрај промената на методологијата за пресметка, нема да има поскапување за услугите за комунален отпад.