Пратениците гласаа за разрешување на Илире Даути

Пратениците попладнево со 61 глас „за“, 22 против и без воздржани ја поддржаа интерпелацијата против шефицата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илира Даути, што ја презентираше пратеничката група на „Левица“.

Собранието утврди дека тврдењата во интерпелацијата за работата на Даути се основани.

Пратениците на СДСМ не учествуваа на седницата.

Интерпелацијата ја образложи Сашко Јанчев, кој рече дека Даути со своето „несовесно, противуставно и незаконско однесување го попречува Законот за „бранители“ со тоа што не го вклучува во дневниот ред на Комисијата што ја води.