ПРАШАЊЕТО ШТО ЈА МАЧИ ЦЕЛА СРБИЈА – Коста К. денес наполни 14 години: Дали сега момчето-убиец може кривично да одговара за масакрот !?

Момчето-монструм, Коста К., кое на 3. мај оваа година застрела 10 лица (еден чувар и девет соученици) во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, наполни 14 години и иако ова е моментот кога започнуваат малолетниците во Србија да бидат подлежни на кривична пријава, тоа нема да влијае на истрагата во врска со наведеното кривично дело, извршено пред да наполни 14 години.

Коста К. во неделата наполни 14 години, а јавноста во Србија со право се прашува дали тоа менува нешто во однос на постапката против него. Иако дури и Владата на Србија по масакрот предложи границата на кривичната одговорност да се спушти на 12 години, во случајот со Коста К. тоа нема да промени ништо.

Постојат неколку причини зошто тоа е невозможно. Според кривичниот закон во Србија, на сторителот на кривично дело му се суди според кривичниот закон кој важел во моментот на извршување на делото. Тоа значи дека Коста К. не подлежи на кривична одговорност без разлика што наполнил 14 години.

Адвокатот Иван Симиќ од Србија за веб-порталот Nova.rs објаснува:

Лицата на возраст од 14 до 16 години спаѓаат во категоријата на помлади малолетници, што значи дека може да им се изречат само воспитни мерки. Помлад малолетник не може да биде осуден на малолетнички затвор. Исто така, доживотен затвор не може да се изрече за помлади полнолетни лица на возраст од 18 до 21 година“, вели Иван Симиќ.

Но, адвокатот забележува дека во кривичниот законик има и друг став според кој на момчето-убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ ќе му се суди според сегашниот закон.

Доколку по извршувањето на кривичното дело се менува законот, еднаш или повеќе пати, се применува законот кој е најблаг за сторителот“, тврди Иван Симиќ.

Nova.rs потсетува дека Коста К. од моментот на апсењето е на Клиниката за невропсихијатрија за деца и младинци во Белград, а постапката се води и против неговите родители. Таткото на момчето, В.К., е во притвор и се сомнева дека небезбедно складирал оружје, како и дека го однел малолетниот син да пука на стрелиштето, што законски не е дозволено.