“ПРАШАЊЕ Е КОГА, НЕ ДАЛИ…“ – Вознемирувачко предупредување од првиот човек на СЗО: На светот му се заканува нова панедемија !?

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, ја истакна важноста дека светот треба да се подготви за, како што кажа, „Болеста Х“ , изразувајќи надеж дека земјите ќе постигнат договор за пандемијата до мај оваа година за да се справат со овој „заеднички непријател“.

Договорот за пандемијата може да ги обедини сите искуства со сите предизвици со кои се соочивме, како и сите решенија“, порача Тедрос Гебрејесус на Светскиот економски форум во Давос.

Тој рече дека „Болест Х“, непозната болест, првпат се користела како термин во 2018 година.

Тој изјави дека има непознати работи што можат да се случат и дека сè што се случува е „прашање кога, а не дали“.

Не треба да се соочуваме со работите неподготвени, можеме да се подготвиме и за некои непознати работи“, истакна Тедрос Гебрејесус на панел дискусијата наречена „Подготовка за Болеста Х“.

Осврнувајќи се на важноста на истражувањето и развојот, како и здравствената инфраструктура и работната сила што треба да се подготви за „Болест Х“, Тедрос Гебрејесус нагласи дека примарното здравје е клучот што светот имаше можност да го види за време на пандемијата со вирусот Ковид-19.

Повторувајќи ја важноста на договорот за пандемијата, тој истакна дека може да му помогне на светот подобро да се подготви за иднината.

Бидејќи е заеднички непријател и без заеднички одговор, почнувајќи од подготвеност, ќе се соочиме со истиот проблем како што беше Ковид-19“, заклучи Тедрос Гебрејесус.

СЗО ја рангираше „Болест Х“ како приоритетна болест во својата кампања за подигање на свеста, заедно со Ковид-19, вирусот Ебола, вирусот Зика, Кримско-конгонската хеморагична треска, блискоисточниот респираторен синдром (Mers-CoV) и тешкиот акутен респираторен синдром (САРС).