Олена Зеленска изрази длабока загриженост, велејќи дека Украинците се во „смртна опасност“ доколку западните земји не продолжат финансиски да ги поддржуваат.
Овие изјави доаѓаат откако републиканските сенатори во САД го блокираа клучниот предлог-закон за помош со кој на Украина би и биле доставени повеќе од 60 милијарди долари. Овие средства се од витално значење за поддршка на земјата во борбата против руските сили, а Белата куќа претходно предупреди дека американската помош наскоро би можела да пресуши.
„Светот не смее да не напушти во нашата борба за слобода. Ако светот не напушти, ние едноставно ќе умреме“, предупреди Олена Зеленска, нагласувајќи ја итноста на ситуацијата.