Првата сопруга на Илон Маск ја откри неговата најтемна страна: Ги родила неговите пет деца, а морала да се потпише на хартијата која ѝ го уништила животот (фото)
Милијардерот Илон Маск има 17-годишни близнаци Грифин и Хавиер и тројка, 15-годишниот Демијан, Саксон и Каи со неговата поранешна сопруга, канадската писателка Џастин Маск. Поранешните сопружници имаа и син Невада, кој почина во 2002 година на 10-годишна возраст од синдром на ненадејна cмрт. Милијардерот исто така беше во брак со актерката Тулула Рајли од 2013 до 2016 година, а своевремено се забавуваше и со Амбер Херд.
Детал од животот со Маск еднаш откри Џастин и го шокираше светот. Имено, додека многумина мислеа дека нејзиниот живот со богаташ е слатко-кисел, тоа не беше ни блиску до вистината. Пред десет години, во списанието Мери Клер објави шокантна исповед за темната страна на животот со богат претприемач.
– Кон крајот на пролетта 2008 година, мојот сопруг Илон Маск поднесе барање за развод по осум години брак и пет деца. Шест недели подоцна, тој ми испрати порака дека е свршен со убавата британска актерка, Тулула Рајли, која е во раните дваесетти години и се преселила во Лос Анџелес поради него. Тогаш помислив дека мојот живот со тој човек се претвори во клише – откри тогаш Џастин.
Таа додала дека е негова „стартер сопруга“, објаснувајќи што сакала да каже со тоа. Имено, тие се запознале додека Илон бил уште студент, а таа ги поминала сите негови подеми и падови со Маск, па тој на крајот ја заменил со „нова манекенка“. Таа напишала и дека поради договорот кој го потпишала два месеци по венчавката останала без ништо што го стекнала во брак.
-Ми рече дека мора да одиме кај адвокат кој ќе ни помогне околу финансискиот договор на кој инсистира неговата компанија. Кога го погледнав зачудено, рече дека тоа не е предбрачен договор – откри Џастин.
Сепак, беше токму таков договор за кој зборувавме. Таа го потпишала во незнаење, а со потпишувањето се откажала од правата што и припаѓале како легална сопруга. Ја добила само семејната куќа во Лос Анџелес, која ќе ја наследат нејзините деца. Покрај тоа, таа потпишала и дека ништо што тие го кажале за време на бракот, како и никакви сцени, не треба да се споменува во судската постапка.
-Потпишав затоа што слепо му верував. Зошто брак ако не му верувам? Бевме сродни духови. Верував дека никогаш нема да се разделиме. Животот без него ми беше незамислив – додала таа.