ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПО ОПЕРЦИЈАТА! Србинот на патерици, но не може да ја симне насмевката од лицето: Испрати порака која го обиколува светот

Новак Ѓоковиќ вчера имаше операција на коленото во Париз , а денеска за прв пат се појави во јавноста по операцијата.

Мала хируршка интервенција со која е санирана оштетувањето на менискусот е направена во клиниката Рамзи Санте и изведена од најдобрите лекари.

Да потсетиме, при артроскопијата беше утврдено дека не се работи за сериозна варијанта на повреда на менискусот на десното колено, туку за која не е потребна толку долга рехабилитација.

– Изминатиот ден морав да донесам тешки одлуки откако заработив повреда на менискусот на последниот натпревар. Сè уште обработувам сè, но со задоволство можам да пријавам дека операцијата помина добро. Многу сум благодарен за тимот од лекари кои беа тука за мене, како и за огромната поддршка што ја добив од моите фанови. Ќе дадам се од себе за да бидам здрав и подготвен што побрзо да се вратам на терените. Мојата љубов кон овој спорт е силна и желбата да се натпреварувам на највисоко ниво е она што ме одржува. Одиме – напиша Ноле на Инстаграм!