Првата фотографија од Фрицл по 15 години: Ќе биде ли ослободен таткото силувач кој на својата ќерка ѝ направи 7 деца?
Јозеф Фрицл (88), австрискиот силувач, таткото кој својата ќерка ја држеше во заробеништво 24 години, наскоро би можел да биде на слобода. Тој беше снимен утринава додека го носеа од затворската ќелија во регионалниот суд во Кремс.
Според австриските медиуми, денеска тричлена комисија ќе одлучува дали 88-годишниот Јозеф Фрицл ќе биде префрлен од затвор во нормална ќелија. Ова му го отвора патот за ослободување од доживотен затвор.
Медиумите ги објавија првите фотографии од Фрицл по 15 години.
На нив се гледа како чудовиштето седи на задното седиште во комбето зад затемнети стакла.
Фрицл беше придружуван од тројца судски службеници. Билд пишува дека осуденикот се смеел иако бил во лоша ситуација.
Фрицл пристигна во судот нешто пред 7:30 часот.
Пред сослушувањето пред медиумите се обрати неговата адвокатка Астрид Вагнер.
,,Веројатно денеска ќе излезе од затвор“, рече таа.
Фрицл боледува од деменција, а форензичкиот психијатар Аделхајде Кастнер на крајот на 2023 година заклучи дека Фрицл повеќе не е опасен.
Австриецот Јозеф Фрицл ја чувал својата ќерка во подземна визба во својот дом во Амштетен (Австрија) цели 24 години. Ја силувал илјада пати и ѝ направил седум деца.
Откако тој доби право да поднесе барање за условно ослободување, совет од три судии – сите жени – на регионалниот суд во Кремс треба да одлучи за неговата иднина денес.