Прва изјава на атентаторот на Фицо: Се појави видеото од сослушувањето, откриено зошто пукал во премиерот на Словачка (ВИДЕО)
Јурај Цинтула (71), атентаторот на словачкиот премиер Роберт Фицо (59), ја дал првата изјава во полиција.
„Не се согласувам со политиката на владата. Медиумите се ликвидирани“, изјави Цинтула на полицијата.
Цинтула е писател и поддржувач на опозициската партија Прогресивна Словачка.
Автор е на збирка поезија и поранешен вработен во приватна компанија за обезбедување. Во 2016 година, тој самиот преживеа обид за атентат кога беше нападнат од пијан млад човек во трговски центар во градот Левице.
Словачкиот премиер Роберт Фицо е ранет денеска во обид за атентат во градот Хандлова, во близина на Братислава. Фицо е пренесен во болница во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.