Прва Палестинка што ќе се натпреварува на Мис Универзум: Не сакаме нашиот идентитет да биде избришан

Надин Ајуб, првата Палестинка што се натпреваруваше на Мис Универзум, зборуваше за тоа колку голема чест е ова за неа и за важноста од зачувување на палестинскиот идентитет преку вакви настани.

„Ние сме повеќе од нашето страдање и болка. На нашите луѓе им е потребен глас сега и не сакаме нашиот идентитет да биде избришан“, рече таа во интервју за АФП Дубаи.

Таа живее помеѓу Рамала – Аман – Дубаи. Пораснала на окупираниот Западен Брег и во САД и Канада. Откако дипломирала англиска книжевност и психологија, почнала да работи за непрофитни организации на окупираните територии.

„Моите родители се академици и секогаш ми велеа да се фокусирам на студиите“, рече таа. Сепак, откако се појави на модна ревија во Италија, луѓе од модната индустрија ја советуваа да се занимава со овој бизнис, па затоа ја започна франшизата „Мис Палестина“.

„Нешто толку едноставно како што е франшизата за Мис Палестина е всушност тешко иако е можно во други земји. Палестина е држава, нација. Јас ќе претставувам вистинска држава“, рече таа.

Првиот натпревар за Мис Палестина се одржа онлајн во 2022 година, за да можат да учествуваат и палестински жени кои живеат во странство. Како прва победничка, Ајуб се вклучи во филантропски активности и се натпреваруваше за Мис на Земјата.

Сепак, од октомври 2023 година, таа не учествувала на ниту еден натпревар за убавина. Зборувајќи за претстојниот избор за Мис Универзум, таа изјави дека ќе ја искористи можноста да зборува во име на својот народ.

„Мора да бидеме присутни на секоја меѓународна сцена. Мора да ја искористиме секоја можност да зборуваме за Палестина и да ја покажеме Палестина“, нагласи таа. Изборот за Мис Универзум ќе се одржи на 21 ноември во Тајланд.