Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, за денеска со почеток во 12:00 часот, ја закажа првата седница на новоизбраниот владин состав.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, за заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето на седницата.

Преодната Влада предводена од Џафери беше избрана во неделата. Целта на оваа влада е организирање и спроведување на фер и демократски избори. Мандатот на техничката влада е до изборот на нова политичка влада, по парламентарните избори што треба да се одржат на 8 мај. Две недели претходно на 24 април во земјата треба да се одржат претседателски избори.