Прва средба Муцунски-Герапетритис

Министерот за надворешни Муцунски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации се очекува да оствари билатерална средба со неговиот грчки колега Герапетритис.

Двајцата денеска ќе учествуваат и на Министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од регионот.

Ова ќе биде прва средба на шефовите на дипломатиите на двете земји.