– Првиот од 14-те тенкови „Челинџер 2“, што Британија треба да ги испрати во Украина, пристигна на својата дестинација, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.
Тој рече дека наскоро ќе добијат и 18 германски тенкови „Леопард 2“.
Резников потсети дека од САД е најавена испорака на 31 тенк „М1 Абрамс“.
„Челинџер 2“ го држи рекордот за погодена мета на најголема далечина – тоа се случи за време на Заливската војна во 1991 година кога уништи ирачко возило на растојание од 4,7 километри.