Првиот потег на Меланија Трамп по инаугурацијата ги запали мрежите: Само што се пресели во Белата куќа, но веќе ги презеде работите во свои раце (фото)

Откако Доналд Трамп положи заклетва како нов претседател на САД, неговата сопруга Меланија Трамп отвори нов профил на Инстаграм.

Првата дама на Америка отвори официјален профил со името @flotus, што значи Прва дама на САД.

Меланија Трамп отвори официјален профил на Инстаграм

Меланија веќе имаше ваков профил за време на првиот мандат на Трамп, под името @flotus45.

Иако некои очекуваа Меланија да продолжи да го користи тој профил, тоа не се случи. Тој профил сè уште останува „архивиран“, како и профилот на Џил Бајден, кој од денес е неактивен. 

Инаку, двојката Трамп 
се пресели во Белата куќа во понеделникот вечерта. Повеќе од 2,5 милиони луѓе ја следат Меланија на нејзиниот приватен профил, што е многу помалку отколку на официјалниот профил.