Првиот сателит – Мозаик – што Србија де подготвува да го испрати во орбитата освен што ќе го набљудува Сонцето во доменот на рендгенските зраци, што е невозможно од земјата, има и мала камера што ќе ја снима Србија оддалеку. Тоа го нагласи во изјава за Политика научниот соработник на српската Астрономска опсерваторија во Белград, Милан Стојановиќ.
Планот е „Мозаик“ да биде лансиран кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година и да се задржи во орбитата две до три години.
Тој додаде дека на тој начин ќе се добијат снимки од Србија и подобро ќе се совлада таа технологија.