Првиот човек на украинската дипломатија тврди: “НАТО ја донесе долгоочекуваната одлука за Украина пред самитот на Алијансата!“

Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина, на Твитер го објави тврдењето дека НАТО одлучил да го ослободи Киев од обврската за спроведување на Акциониот план за членство (МАП).

Reuters објаснува дека НАТО преку МАП поставува цели што треба да ги исполни земјата што сака да се приклучи на Алијансата пред да влезе во оваа воена алијанса.

Британската медиумска агенција пренесува дека Кулеба ова го соопштил пред самитот на НАТО во вторник и среда, за кој Reuters претходно објави дека го претворил литванскиот главен град Вилнус во тврдина заштитена со напредно оружје наменето за безбедноста на американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на Алијансата.

По интензивните разговори, сојузниците во НАТО постигнаа консензус за отстранување на МАП од патот на Украина за членство. Ја поздравувам оваа долгоочекувана одлука која ни го скратува патот кон НАТО“, објави Кулеба.

Reuters наведува дека НАТО се уште не ја коментирал најавата на Кулеба.