ПРВИТЕ ВИДЕА ПО НАПАДОТ НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ГЕРМАНИЈА: „Видов луѓе како лежат во ЛОКВИ КРВ“

По нападот на „Фестивалот на различностите“ во германскиот град Солинген , на социјалните мрежи се појавија првите видеа.

Единиците на специјалните сили од цела Северна Рајна-Вестфалија се на пат кон Солинген, патните крстосници се затворени и од жителите се бара да останат во затворени простории.

Ларс Брејке, очевидец на нападот, изјави за Solinger Tagenblatt дека стоел пред бината кога се случило злосторството.

Тој истакнува дека со изразот на лицето на пејачката Сузан Тофер сфатил дека нешто не е во ред.

-Едно лице падна на само метар од мене. Мислев дека е пијана, а кога се свртев, видов повеќе луѓе како лежат на земја и локви крв – изјави Брејке, која остана неповредена.

Според првичните информации, загинале три лица.

На улиците може да се видат луѓе како плачат.

Десетици спасувачи ги реанимираат повредените. Спасувачите се борат за животи на 9 лица.

Повеќе екипи за итни случаи се на терен и им помагаат на жртвите, а полициски хеликоптер кружи над градот.

Луѓето кои биле на местото на настанот рекле дека напаѓачот изгледал како Арап.

Полицијата трага по напаѓачот. Дел од градот е блокиран.