Први видеа од Ванкувер, тела лежат на улица! Страшни сцени од канадскиот град, автомобил влета во луѓе на фестивалот (ФОТО, ВИДЕО)
На социјалните мрежи се појавија снимки од канадскиот град Ванкувер, каде автомобил влета во толпа луѓе на уличен фестивал.
Канадската полиција соопшти дека во инцидентот што се случил синоќа „загинале голем број луѓе“, а „многу други“ се повредени.
Полицијата го уапсила возачот на автомобилот.
Во полициската објава на социјалната мрежа Х се наведува дека „возачот со своето возило влетал во толпата на уличниот фестивал на раскрсницата од 41-та авенија и улицата Фрејзер“ нешто по 20 часот по локално време.
– Повеќе информации ќе објавиме додека трае истрагата – се наведува во соопштението.
Локалните медиуми објавија дека автомобилот удрил во група пешаци на фестивалот Лапу, годишна прослава на филипинската култура.
Канадската телевизија CTV ги пренесува зборовите на еден од очевидците кој рекол дека црното возило се движело неконтролирано пред да удри во луѓето.
Кен Сим, градоначалникот на Ванкувер, во изјава рече дека е шокиран и тажен од „страшниот инцидент“ на фестивалот Лапу Лапу.
– Ќе работиме на обезбедување повеќе информации што е можно поскоро. Нашите мисли во ова тешко време се со оние кои се погодени од ова и со филипинската заедница Ванкувер – рече Сим, пренесува Global Times.