Јапонската џудистка Хифуми Абе освои златен медал во категоријата до 66 килограми, Дијора Келдијорова од Узбекистан во категоријата до 52 килограми, а Косово го освои првиот медал на Олимписките игри во Париз. Имено, џудистката Дистриа Красниќи по неколку одлични настапи го освои сребрениот медал во категоријата до 52 килограми.
Таа особено импресионираше во полуфиналниот дуел против Италијанката Одета Џуфриде, а во финалето беше сопрена од олимписката шампионка Келдијорова.
Бронзата ја освоија Бразилката Лариса Пимента и Французинката Амандин Бушар.
Во машка конкуренција до 66 килограми доминираше Јапонецот Абе, кој во финалето лесно го совлада Бразилецот Лима Вилијан.
Бронзата ја освоија Виера Денис од Молдавија и Гусман Киргизбајев од Казахстан, кои во борбата за медал ја победија српскиот претставник Страхиња Бунчиќ.
Инаку, на досегашната табела на освојувачи на медали доминира Австралија со четири златни и две сребрени, а по неа е Кореја со три златни, две сребрени и една бронза. Косово моментално е на 15. место и единствено од регионот освои медал во Париз.