Први фотки од свадбата на пејачката Александра Јанева – Невестата носи венчаница со смело деколте, долг вел и букет со бели рози
Традиционална свадба со трубачи, бела венчаница и букет од бели рози. Пејачката Александра Јанева ги објави првите фотки и видеа од свадбата со саканиот Иван.
Пејачката Александра Јанева денес стапи во брак со своето долгогодишно момче Иван Ангелов. Таа на Инстаграм стори сподели повеќе кратки видеа и фотографии на кои може да се види како изгледала атмосферата во нејзиниот дом.
Музика со трубачи, развиорено знаме, разиграни гости… Александра и нејзиниот сакан Иван денес се заколнаа на вечна љубов, откако тој ја запроси под светлината на Ајфеловата кула во Париз, во ноември минатата година.
Пејачката пред извесен период беше на моминско патување во Белград, а денес имаше можност да го облече невестинскиот фустан.
Александра за свадбата избрала бела венчаница со длабоко деколте и долг вел, а во рацете држеше букет со бели рози.