Први фотографии од местото на морничавата несреќа: Извлечени телата на таткото (37) и синот (6), полицијата го истражува случајот, едно сè уште не е јасно!

Телата на таткото (37) и синот (6) се извлечени од возилото кое слета денеска во 13 часот и 20 минути во Морача кај Кривиот мост во Подгорица. 

Причините за оваа несреќа официјално не се утврдени, но како што дознава порталот Стандард, се истражува верзијата на сведоците на несреќата кои рекоа дека трагедијата не се случила случајно.

– Автомобилот доаѓаше од правец на Делта Сити, па полека се искачи на тротоарот, а потоа додаде гас и слета во Морача над земјеното место – велат очевидците.

Полицијата претходно соопшти дека во 13 часот и 20 минути од засега непознати причини голф 4 слетал во Морача кај Кривиот мост во Подгорица.

Се претпоставува дека таткото намерно ја предизвикал оваа сообраќајна незгода.