Првото огласување на принцот Вилијам по скандалот со Кејт! Ова го кажа само за неговата сопруга

Вилијам денеска отвори хуманитарна организација, а потоа ја спомена и сопругата Кејт.

Во јавноста со денови се шпекулира за Кејт Мидлтон и нејзиното мистериозно исчезнување. Меѓу низата теории кои лебдеа наоколу, онаа што привлече најголемо внимание се наводните шпекулации дека принцезата од Велс го изневерувала својот сопруг со Томас Кингстон, член на кралското семејство, поради што се повлече од јавноста кога се се дозна. 

Постариот син на Чарлс и Дијана денеска се појави во јавноста и ја спомена сопругата на важен настан.

Принцот Вилијам отвори добротворна организација за млади во Западен Лондон. Тој ги украси колачите со децата и рече:

– Мојата сопруга има уметнички склоности, дури и моите деца се поспособни за уметност од мене (мислејќи на неговите способности денес и вештините на Шарлот, Џорџ и Луис на рана возраст) – пишува Daily mail.

 

Вилијам исто така се пошегува дека му недостига креативност и им рекол на децата:

– Сакам прскалки, па ќе ставам што повеќе – рече тој. 

Принцот од Велс денеска се насмевна на настан организиран од една хуманитарна институција, зборуваше и за тоа дека децата треба да поминуваат помалку време на мобилни телефони и истакна дека за тоа се виновни и возрасните. Подготвуваше колачи, играше кошарка со децата и на овој начин продолжи со јавните ангажмани што ги прави со недели со ретки паузи.