Истражувачите објавија дека неименуван жител на Германија е излечен од ХИВ инфекција со трансплантација на матични клетки, а целосниот извештај ќе биде претставен на Меѓународната конференција за СИДА што ќе се одржи следната недела во Минхен.
Како што соопштија во првичното соопштение, 60-годишниот Германец имал ХИВ вирус од 2009 година, а сега е целосно излечен.
Научниците кои работеле на овој случај биле изненадени што донаторот на матични клетки не бил имун на вирусот ХИВ, а германскиот државјанин сепак бил излечен.
Ова е седми случај на излекување од ХИВ вирусот во светот, но првпат е успешна трансплантација на матични клетки.
Сепак, првиот заклучок откако се потврди дека Германецот е излечен од ХИВ инфекцијата е дека трансплантација на матични клетки не може да се користи во секој случај.
Научниците се уште не се сигурни што конкретно е различно во овој случај, бидејќи во претходните обиди се случуваше вирусот да се размножи.