Прв пат во историјата – вредноста на биткоинот над 120.000 долари

Биткоинот за прв пат надмина 120.000 долари, што претставува важна пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите се потпираат на долгоочекуваните политички потези во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела.

Почнувајќи од денес, Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка каква што долго време бараше.

Овие барања наидоа на одобрување од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „крипто претседател“ и ги повика пратениците да ги променат регулативите во корист на индустријата.

Прв пат во историјата - вредноста на биткоинот над 120.000 долари

Зголемувањето на цената на биткоинот за 29 проценти од почетокот на годината , предизвика поширок раст на другите криптовалути во последните недели, и покрај хаотичните трговски тарифи на Трамп.

Етерот, втората најголема криптовалута според пазарната капитализација, денес го достигна највисокото ниво за повеќе од пет месеци од 3.048,23 долари.

Вкупната пазарна вредност на секторот порасна на околу 3,78 трилиони долари, според податоците од CoinMarketCap.