ПРВ ПОРАЗ НА СИНЕР ВО 2024 ГОДИНА! По чудесен пресврт Алкараз го собори Италијанецот и се пласира во ФИНАЛЕ (ВИДЕО)

Најдобриот шпански тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Мастерсот во Индијан Велс, откако во полуфиналето го совлада младиот Италијанец Јаник Синер со резултат 1:6, 6:3, 6:2.

Шпанецот на тој начин го зачува второто место на АТП листата, кое ќе му припаднеше на Синер доколку забележи триумф на овој меч.

Ова е прв пораз во 2024 година за големиот Италијанец. Прекина е неговата одлична серија од 16 последователни победи од стартот на новата сезона.

По првиот сет, во кој се виде апсолутна доминација на Италијанците, немаше никаков знак за пресврт. Синер за половина час игра го исчисти Алкараз од теренот и се чинеше дека ќе пешачи до финалето.

Сепак, борбениот Шпанец не се предаде. Целосно ја промени тактиката во продолжението од мечот, значително го подигна нивото на својата игра, брилијантно сервираше и се врати… Во раната фаза од вториот сет направи брејк и поведе со 3:1. До крајот на сетот Синер имаше две можности да му го одземе сервисот на Алкараз и да се врати во сетот, но Шпанецот успеа да ја зачува предноста и да стигне до израмнување.

Во решавачкиот сет на теренот имаше само еден тенисер – Карлос Алкараз. Синер беше очаен, трчаше од грешка во грешка, што трпеливиот Шпанец одлично го искористи. Тој врза два брејка, изгради големо водство и рутински ја заврши работата.

Алкараз во финалето ќе игра против Данило Медведев, откако го совлада одличниот Американец Томи Пол.