Пребарувал во продавница за половна роба, па налетал на човечки череп! (ФОТО)

Случајот не е сомнителен, но ќе треба да се направат сите потребни анализи.

Еден антрополог пребарувајќи низ продавница за половна роба во Норт Форт Мајерс, Флорида, го пронашол она што се верува дека е човечки череп .

Иако до ова откритие дошол во делот посветен на Ноќта на вештерките, не очекувал дека неговата потрага по интересни предмети ќе биде толку застрашувачка.

– Врз основа на проценката на детективите кои биле на местото на настанот, се верува дека черепот е човечки – соопштија од полицијата.

Како што наведоа, случајот не е сомнителен, но ќе треба да се направат сите потребни анализи.

Патем, ова не е првпат черепи да се најдат во продавници за половна роба во САД, а понекогаш поединци ги донираат во добротворни цели.