ВИДЕО | КАКВО ПОНИЖУВАЊЕ ОД ТУРЦИЈА – Ова се случува за првпат во историјата: Државниот секретар на САД пристигнува на аеродромот, а таму – шок

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Ентони Блинкен, утрово пристигна во Анкара, но Турција не испрати висок функционер да го пречека на аеродромот. 

Ентони Блинкен отпатува за Турција на средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан во врска со војната и ситуацијата во Појасот Газа.

Сепак, според турските медиуми, кога авионот на Ентони Блинкен слетал на аеродромот во Есенбога, ниту еден висок турски функционер не отишол да го пречека американскиот државен секретар. Ова е првпат Турција да го пречека американскиот секретар без висок функционер.

Во делегацијата за добредојте на Ентони Блинкен го пречекале американскиот амбасадор во АнкараЏефри Флејк, генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Турција за билатерални политички прашања за САД, амбасадорот Јапрак Балкан и заменик-гувернерот на Анкара, Намик Кемал Назли, а оваа „бизарна“ ситуација на аеродромот можете да ја погледнете ОВДЕ.

Од другата страна, граѓаните закачија постери со фотографијата на Абу Убејде, портпаролот на бригадите Изедин Ал Касам, поврзани со Хамас. Фотографијата се наоѓа на мостот на рутата планирана за патувањето во регионот каде Ентони Блинкен ќе се сретне со Хакан Фидан во Анкара, па неизбежно е фотографијата да ја види и американскиот државен секретар, пишуваат турските медиуми.