ПРЕГОВОРИТЕ ВО ТЕК- Ал Наср подготвува уште една трансфер „бомба“: Садио Мане е блиску до приклучување кон Кристијано Роналдо

Ал-Наср би можел да ангажира уште една суперѕвезда откако ги доведе Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ.

Како што објави фудбалскиот портал Гол, Садио Мане е во преговори со Ал-Наср и тие се на добар пат до позитивен заклучок.

Мане има валиден договор со Баерн до летото 2025 година, но медиумите во Германија со месеци пишуваат дека тој не е задоволен во Минхен и дека сака да си замине, а ова е можност која Ал-Наср не ја сака пропушти.

Мане има само 31 година и се уште може да игра во најсилните европски лиги, но дали сепак ќе се одлучи за саудиските милиони ќе видиме.

Мане минатата сезона за Баерн постигна 12 гола на 38 натпревари.