Предвремената ејакулација е сексуално нарушување кое се јавува кај мажите, кое се карактеризира со брза и неконтролирана ејакулација за време на сексуалниот однос.
Последиците од предвремената ејакулација е психолошки – создавање проблеми во врската поради незадоволителни интимни односи, фрустрација, лутина и намалување на самодовербата, што може да доведе до депресија, но и физичко – намалување на сексуалното задоволство, што заедно може влијае на квалитетот на животот.
Не постои општа временска рамка која дефинира што е предвремена ејакулација – колку долго по почетокот на интимниот однос е „нормално“ за појава на ејакулација – секако зависи од квалитетот на врската, нивото на возбуда, зачестеноста на врската… но обично се смета дека се случува ако мажот ејакулира во рок од две минути од пенетрацијата. Времето, се разбира, може да варира од личност до личност и од ситуација до ситуација, а ако тоа се случува ретко и во посебни ситуации, тоа не мора да значи дека станува збор за нарушување.
Причини за предвремена ејакулација
Има многу причини кои може да придонесат за развој на проблемот со предвремена ејакулација – и психолошки, физички и биолошки. Некои од психолошките причини се анксиозност, стрес, депресија, ниска самодоверба и страв од неуспех. Физички – биолошки – причини вклучуваат нарушувања на нервниот систем, патолошки состојби на простатата и хормонална нерамнотежа.
Третман на предвремена ејакулација
Лекувањето на предвремената ејакулација не е лесно, но можно е – треба да бидете трпеливи.
За почеток, неопходно е да се исклучат физичките причини – патолошки состојби, чиј третман може да ја подобри и оваа состојба. Првиот чекор е да се контактира со урологот, кој треба да направи детален преглед, како и ултразвучен преглед, заедно со земање брисеви, за да се исклучи инфекција. Ако се дијагностицира проблем, потребен е соодветен третман. За одредени случаи, има лекови кои го регулираат нивото на серотонин во мозокот.
Понекогаш помага да се носат кондоми кои ја намалуваат чувствителноста, како и да се скрати предиграта.
Психолошката терапија вклучува психотерапија, техники на дишење и вежби на карличните мускули.
Значи, за почеток – контактирајте со вашиот уролог и наоружајте се со трпение – работите секогаш може да се подобрат.