ПРЕДИЗВИКА ЗАГРИЖЕНОСТ – Американски генерал го преплаши светот со визија за крваво сценарио: “Се плашам дека САД наскоро ќе влезат во војна со Кина”
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека зголемената воена активност на Кина во близина на Тајванскиот теснец не е знак за претстојната инвазија од страна на Пекинг.
Генералот на американските воздухопловни сили процени дека САД ќе војуваат со Кина во следните две години.
„Се надевам дека грешам, но имам чувство дека ќе одиме во војна во 2025 година“, напиша генералот Мајк Минихан во својот меморандум до офицерите на Командата за воздушна мобилност со кои тој раководи.
Командата за воздушна мобилност има 50.000 членови и речиси 500 авиони и е одговорна за транспорт и снабдување со гориво.
Иако неговата проценка не ја одразува онаа на Пентагон, таа покажува дека постои загриженост меѓу високите американски воени офицери дека Кина може да се обиде да ја преземе контролата врз Тајван, остров кој Пекинг го третира како своја територија.
И САД и Тајван се пред претседателски избори во 2024 година, што би можело да создаде можност за Кина да преземе воена акција, напиша Минихан.
„Овие забелешки не го одразуваат ставот на Министерството за одбрана за Кина“, изјави претставник на министерството.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин претходно овој месец рече дека зголемената воена активност на Кина во близина на Тајванскиот теснец не е знак за претстојната инвазија на Пекинг.