Предизвикувачки деколте речиси до папок! Зендаја во стил на сирена – на ова издание на жените им паѓаат вилиците

На доделувањето на модните награди во Лос Анџелес, актерката Зендаја блесна во долг, сребрен фустан.

Нема сомнеж дека актерката Зендаја е една од најпопуларните досега, а редовно ја носи и титулата кралица на стилот. 

Младата актерка овој пат се појави на модните награди во Лос Анџелес, со што уште еднаш ја оправда својата награда.

Зендаја блескаше во долг фустан , со многу изразено деколте, кое се протегаше речиси до стомакот, украсено со реси, додека задниот дел беше исто така отворен. На некои им личи на сирена, поради таканаречените „ваги“ кои се протегаат по должината на фустанот.

Секако, целиот стајлинг го заокружи со накит во сребрена боја, додека кога е во прашање нејзината фризура, реши да ги истакне своите тенки локни, па само малку ја тргна од лицето и ја закачи наназад. 

Она што е особено интересно е тоа што фустанот што го носеше Зендаја не е од најновата колекција, туку е потпишан од Роберто Кавали, туку пролет/лето 2011 година. 

Ова само покажува дека Зендаја не е роб на трендовите, туку навистина го носи она што и се допаѓа.