Кој може да остане имун на заводливите изданија на познатата пејачка…
Џенифер Лопез блескаше во предизвикувачкиот зелен фустан кој го избра за состанок со својот сопруг Бен Афлек, а ретко кој остана рамнодушен на нејзиниот изглед.
Една од најпознатите музички ѕвезди на денешницата носеше впечатлива светкава креација од асиметричен крој со истакнато деколте, од новата колекција со потпис на „Том Форд“. Таа на одличен начин ги истакна сите нејзини веќе добро познати адути кои со години ја прославуваат како една од најпосакуваните жени на светот.
Овој стајлинг го заокружи со бело палто, сандали во сенката на фустанот и златна Cult Gaia Clutch чанта, а на Инстаграм заносно позираше без „аксесоари“.