ПРЕДЛОГ ОД ШЕФОТ НА МОСАД! ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ПРЕГОВАРИТЕ! Израел стави крај на „ловот“ на лидерите на Хамас?!
Предлогот на Израел лидерите на Хамас да ја напуштат Газа се сметаше како дел од пошироките преговори за прекин на огнот.
Израел предложи високите лидери на Хамас да ја напуштат Газа како дел од поширокиот договор за прекин на огнот, изјавија за Си-Ен-Ен двајца претставници запознаени со преговорите. Предлогот, кој претходно не беше објавен, доаѓа додека Израел се бори да ја постигне својата цел за целосно уништување на Хамас . Израел не успеа да фати или елиминира ниту еден од највисоките лидери на Хамас во Газа, пишува Си-Ен-Ен.
Предлогот на Израел лидерите на Хамас да ја напуштат Газа, иако веројатно нема да биде прифатен од Хамас, беше дискутиран како дел од пошироките разговори за прекин на огнот најмалку двапати во последните недели – еднаш минатиот месец во Варшава од страна на шефот на израелското разузнавање, директорот на Мосад, Дејвид Барни овој месец во Доха со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, изјави еден функционер запознаен со напредокот на преговорите.
Се зголемува притисокот врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да донесе некаква резолуција. „Тоталната победа“ над Хамас на која тој повика се чини далечна, како што навести и самиот премиер. Во меѓувреме, гневот меѓу Израелците се зголеми поради неможноста на владата да ги врати дома повеќе од 100 заложници што ги држи во Газа.
Иако не е јасно дали Израел прецизирал кои лидери на Хамас може да ја напуштат Газа, сигурно е дека се споменува Јахја Синвар, највисокиот функционер на Хамас во Газа. Синвар е „мртов човек што оди“, рекоа Нетанјаху и други. Синвар помина две децении во израелски затвори и е по потекло од Кан Јунис во јужниот дел на Газа, каде што моментално се фокусирани повеќето операции на Израел во Газа. Израелските и американските власти рекоа дека веруваат дека Синвар можеби се крие во огромна, длабока мрежа на тунели под градот.
Минатиот месец Израел фрли флаери со награди од стотици илјади долари за информации за лидерите на Хамас, вклучително и награда од 400.000 долари за информации за Синвар.