ПРЕД МАСАКРОТ УБИЕЦОТ ОБЈАВИЛ СТРАШНА СЛИКА И НАПИШАЛ САМО ДВА ЗБОРА! Детали за ужасот во училиштето во Америка: Еден мртов, неколкумина ранети (ВИДЕО)

Најмалку едно лице го загубило животот, а неколку се ранети во денешната престрелка во средното училиште во градот Пери , во американската сојузна држава Ајова, јавуваат американските медиуми. Според Ен-Би-Си, повикувајќи се на повеќе полициски извори, напаѓачот починал од прострелна рана што самиот си ја нанел.

Во престрелката се повредени уште три лица, меѓу кои двајца ученици и еден вработен во училиштето. Деталите за нивните повреди не се познати.

Осомничениот вооружен напаѓач е идентификуван, изјави шерифот на округот Далас Адам Инфанти на прес-конференција, но одби да даде дополнителни детали.

Според социјалните мрежи, идентификуваниот напаѓач пред нападот објавил вознемирувачка фотографија на социјалните мрежи и напишал „сега чекаме“ со чуден израз на лицето.

Според него, пукањето било пријавено утринава околу 7:37 часот по локално време, пред почетокот на првиот училишен ден по зимскиот распуст за учениците во средното училиште Пери, во кое има околу 1.785 ученици.

Инфанти им кажа на новинарите дека полицаецот реагирал седум минути подоцна и открил луѓе кои страдале од прострелни рани, без да прецизира кои се тие.

– За среќа, во зградата имаше многу малку ученици и наставници, што, според мене, придонесе за добар исход во таа смисла – рече тој на брифингот со новинарите.

Шерифот додаде дека веќе нема никаква опасност за граѓаните и дека полицијата сега работи на разбирање што се случило.

Според официјални лица од округот Далас, местото на злосторството во моментов е обезбедено.